
Нова крводарителска акција денеска спроведе извидничкиот одред Еквинокс во Дом на млади во Штип. Целта на истата е да се покаже хуманоста и добрината со основната идеја да се спаси нечиј живот. Од извидниќкиот одред велат дека крводарувањето се одвива во најдобар ред и се задоволни од излезеноста на граѓаните кои имаат хумано срце.
,,Денес од 11 утринава почнавме, па се до 17 часот може да се дојде. Граѓаните доагаат, задоволни сме, има доста луѓе кои што доагаат. Планираме и понатаму да го организираме ова, по повод денот на извидниците.“, истакна Нисев
Од тука организаторите упатија апел сите кои што сакаат да даруваат крв, можат слободно да дојдат на оваа локација се до 17 часот. Велат никогаш не се знае кога во иднина на некого ќе му биде потребна крв.
,,Па да, генерално ова е е од големо значење за нас, пред се да даруваме крв за другите, со што може б нечиј живот би бил спасен и слично. Ние извидниците сакаме да помогнеме на луѓето во градот, со тоа што со донирањето, секој човек може самостојно да да помогне на некој што му е потребна таа крв, т.е ние вложуваме во тоа да помогнеме на секого, не знаеш кога во иднина тебе ќе ти е потребна крв, па заради тоа мислам дека е важно секој.“, велат останатите од организацијата
Инаку, акицијата почна уште предпладне, а ќе трае се до 17 часот. Излезеноста до 14 часот беш голема, а тоа можеше да се забележи на лице место. Aкцијата се спроведува по четврти пат по повод денот на извиндиците.
Иван Митев, М-Нет