
Кошаркарскиот клуб Соколи од Штип за продолжението од сезоната каде води борба за влез во Супер лигата се засили со Даниел Нацевски. Новото засилување кое доаѓа од прволигашот Маџари веќе е промовирано во штипскиот тим.
Се работи за играч кој е висок 195 cm и настапува на позициите два и три. Како што велат од штипскиот клуб, Нацевски располага со одличен шут од дистанца и атлетичност/скок-игра, што ќе ни донесе дополнителна сила и ширина во нападот на „соколите“.
Инаку, Соколи веќе одигра еден натпревар од плеј-офот кој го доби убедливо против Охрид на гостински терен славеше со 55:75, а во второто коло од плеј-офот на Првата лига Соколи на домашен терен ги очекува дерби меч со тимот на Мега Баскет.
Табелата е израмнета од осум екипи дури шест имаат по 11 бодови, тоа е Струмица, Соколи, Бутел, Мега Баскет, Вардар и Борец, а пак по девет бодови имаат Водно Санс и Охрид.
Александар Ванев, М-Нет