Андоновски: Вработените што користат алатки за вештачка интелигенција, ќе ги заменат оние што не ги користат

Вработените што користат алатки за вештачка интелигенција ќе ги заменат оние што не ги користат, тврди министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој вели дека во Македонија се чувствува застој во растот на платите, а масовни отпуштања засега нема. Потенцира дека главна улога овде ја имаат Универзитетите, кои ќе мора да ги обучуваат студентите за АИ-алатки за да бидат конкурентни веднаш по дипломирањето.

,,Најверојатно вработените кои што користат алатки за вештачка интелегенција ќе ги заменат оние кои што нема да користат алатки за вештачка интелегенција, а не очекувам дека вештачката интелегенција сама по себе ќе ги направи работните места непотребни за јавната администрација, барем не во наредниот среднорочен период. Што се однесува од приватниот сектор, во западниот свет во европската унија се случува голем прекин во приватниот сектор во потребата на барања на нови инжинери затоа што голем дел од позициите, осоебно кај така наречените влезни позиции инжинерски се заменуваат со алатки за вештачка интелигенција, особено мислам на тестери, луѓе кои што се занимавале со основно ниво на графички дизајн, веќе со алатките за вештачка интелигенција тие работни места се намалуваат и потребата од нив се намалува.“, рече Андоновски

Како што и претходно напомена Андоновски, универзитетие според него ќе треба да изградат доволна вештина за да студентите лесно се вработат во приватниот сектор, со што ќе треба многу рано да се воведуваат алатки за вештачката интелигенција.

,,Оваа година веќе има ефекти и на работна сила во Македонија. Не сме виделе голем број на отпуштања, но гледам еден застој во смисла на раст на плати, знаеме како растеа платите во изманиот период во овој сектор. Улогата на факултети во Македонија и универзитете ќе биде уште позначајна, затоа што ќе треба да изградат и вештина доволна за да студентите кои што дипломираат лесно се вработат во приватниот сектор и ќе мора многу рано да воведуваат алатки за вештачка интелигенција за да ги подготвиме студентите, денот кога заминуваат од универзитетот да ги имаат во употреба овие алатки, за да можат да бидат конкурентни на пазарот на трудот.“, додава Андоновски

Иако вештачката интелегенција во светот влијае врз работната сила , сепак во Македонија нема голем пад. Доколку студентите се во тек со овие алатки, според министерот не би требало да има проблеми.

Иван Митев, М-Нет