Андоновски: Регистрацијата на инфлуенсерите може да претрпи измени

Регистрацијата на инфлуенсерите може да претрпи измени. По бројните реакции, следната недела е најавена средба со здружението на инфлуенсери и министерството за дигиталната трансформација. Ставот е дека не треба да се бараат исти строги правила како за традиционалните медиумските платформи. Ако е потребно ќе се менува и законот.

,,Ги слушнав и коментарите на новото здружение на инфлуенсери и мислам дека вреди да се дискутира со нив. Еве да најавам дека можни се и промени затоа што не сметаме дека треба ригидно да бараме од креаторите на содржини да се однесуваат исто како и платформите за споделување на тие содржини, односно да бараме толку високи критериуми од страна на приватни физички лица, кои што повремено или постојано се занимаваат со оваа работа. Јас ги споредувам многу често со колумнисти. Ако не бараме високи критериуми, регистрација и еден ригиден пристап кон креаторите на содржина во традиционалните медиуми, не гледам зошто би требало да имаме толку ригиден пристап ио кон оваа група на луге. Следната недела закажав и средба со инфлуенсерите следната недела и доколку е потребно ќе направиме и законски промени.“, рече Андоновски

Министерот Андоновски рече дека тие како министерството остануваат подготвени да ја отвори оваа дискусија помегу инфлуенсерите, со цел се најде соодветно решение.

Дополнително од министерстовто посочуваат дека правилникот е донесен врз основа на измените на законот од 2023 година, кој стапи на сила пред некој месец и со истиот се бара задолжителна регистрација на инфлуенсерите. Понатаму она што останува е да се види што ќе се одлучи на средбата наредната недела.

Иван Митев, М-Нет