
Се зголемува нивото на реката Брегалница, според штипјанецот Киро Маџунаров. Утринава тој измеренл дури 184 цм. Како што вели тој, ова се должи на екстремните врнежи кои беа застапени во последниот период. Месец февруари тој го отценува како е добар, согласно пресметките од претходните години.
,,Според последните мерења во 07:30, нивото на река Брегалница е било 184cm, во однос на вчера има зголемување од 24цм, но задвчера е било повисоко, вчера е било 168цм, а задвчера е било 178цм, значи тука некаде се движи во тие граници. Инаку за овој месец од годината, мислам за месец февруари е на највисоко ниво. Е имало околу 140cm, што значи дека има некој континуитет на вода во овој период од годината како резултат на врнежите што ги имаше овие неколку месеци, есенски месеци. Почнувајќи од октомври, ноември, деќември, јануари и февруари, кој врнежи за овој период изнесуваат некаде околу 340cm на m2. Инаку карактеристично е дека само за овој месец, за месец февруари има 41 литар врнежи на m2, во споредба со минатата година кога е имало 1литар , оваа година е доста повисок. Што значи како резултат на врежите, овие есенските и зимскиот период до сега е карактеристично што нивото на река Брагалница е зголемено“, вели Маџунаров.
Според досегашните мерења и споредби со претходните години, Маџунаров тврди вакво ниво на вода во овој период од годината е зачудувачки. Тој вели дека за само 4 месеци е достигната количина на врнежи од дожд, која во годините претходно била на годишно ниво.
„Овој водостој е посебно карактеристичен за овој период од годината, што не се сеќавам да е имало поголем водостој за овој период од годината. Инаку е имало, крајот на февруари врнежи како што е имало, 2013 кога Брегалница беше над 4m. Потоа наредната година, која беше екстремно висока со врнежи, некаде 789 литри на m2, значи е имало 3m вода. Но за овој период од годината јас не памтам да е имало толкав водостој на река Брегалница и толку врнежи, што значи веќе овие месеци што ги спомнав од октомври до сега до февруари изнесуваат 340 литри на m2. Што значи овие врнежи се екстремно високи, и со тоа и нивото на река Брегалница е качено. За споредба можам да кажам дека 2022 година, значи пред 4 години, нивото на врнежи годишно изнесувало 370 литри, а ние само за вие 4 ипол месеци до сега имаме 340 литри. што е карактеристично.”, додава Маџунаров
Со очекуваните врнежи , кој се најавени за во следниот период се очекува и уште поголемо зголемување на нивото на река Брегалница, иако сеуште не можат да се предвидат точните количини. Како што информираше Маџунаров врнежите за месец февруари, веќе ги надминале очекувањата.
Иван Митев, М-Нет