
На 03.02.2026 во 22:40 часот на излез од с.Ратавица кон с.Трипатанци, пробиштипско, полициски службеници од ОВР пробиштип го лишија од слобода Ж.К.(57) од с.Трипатанци. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „југо“ без регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото без да се стекне со право на управување на возило од Б категорија. Известен е јавен обвинител и по негова насока возилото е привремено одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.