
Да се пие многу вода, чај и безалкохолни пијалаци за да се избегне пад на крвниот притисок и оваа есен. Штипските лекари советуваат, особено внимателни треба да бидат лицата кои имаат проблеми со крвниот притисок. Иако во овој период е намалено губењето течности преку потење, доволната хидратација и понатаму е важна за организмот. Од итната медицинска помоиш велат дека нема посебна процедура, туку најважно е редовно да се внесуваат доволно течности во текот на денот.
,,Значи сега во овој период губењето на течности преку потење е намалено, што значи дека дехидратацијата, односно намалувањето на крвниот притисок преку самиот процес потење е скоро доведено на степен на нула, што значи дека тие треба да конзумираат колку што е можно повеќе течности, вода и безалкохолни пијалоци и мислам дека е тоа тоа, нема некоја посебна процедура, која што мора да се прати за да нема пад на крвниот притисок.“, вели Наков
Наглите промени на температурите можат да доведат и до посериозни здравствени состојби, особено кај хронично болните лица. Штипските лекари апелираат тие редовно да ја следат здравствената состојба и при појава на силна главоболка, вртоглавица, болка или стегање во градите и трпнење на левата рака, веднаш да побараат лекарска помош.
,,Сега поради драстичното намалување на температурите имаме појава и на малку посериозни случаеви како што се мозочните и срцевите удари, затоа во ова прилика може да се искористи апелот да пациентите кои што се хроничари во овој период да ја следат нивната здравствена состојба, да бршат редовен преглед кај нивните матични лекари и при појава на некои посериозни симпотими, како нагли и јаки главоболки, вртоглавици и болка и стегање во градите, со зафакање и трпнење на левата рака, да се пријават кај лекарите, за доиследување на таа симптоматологија.“, рече Наков
Лекарите велат дека хронично болните треба повеќе да внимаваат на своето здравје во овој период и редовно да прават контроли. Доколку почувствуваат нешто невообичаено, не треба да чекаат, туку навреме да се обратат кај лекар.
Иван Митев, М-Нет