Затворениот базен во Штип ќе се користи ако си член на пливачка школа или спортски клуб

Затворениот базен во Штип ќе може да го користат членовите на пливачките школи, спортски клубови, спортски колектив или здружение, истакна градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов во гостувањето во Зум Анализа на М Нет телевизија.

Ваквиот начин на користење на затворениот базен е од причина да се гарантира дека ќе се почитуваат правилата, како и кодексот на користење на затворениот базен. Тоа ќе значи дека секој кој сака да го користи затворениот базен ќе треба да биде член на пливачка школа или спортски клуб, одосно спортски колектив или здружение со цел да се гарантира за членовите кои го користат овој објект.

„Она кое што е правило на користење е дека сите рекреативци, сите оние коишто сакаат да го користат базенот ќе може да го користат исклучиво преку школите за пливање. Затоа што мора да има одреден кодекс на однесување внатре, мора да има почитувања на правила на однесување внатре и мора некој да одговара и да гарантира за членовите кои ќе го користат тој објект. Не може рандом наш сограѓанин без да ги почитува правилата, без никој да одговара за него да дојде да си плате и да влезе. Мора да има спортски колектив, здружение да членува во него, за него да гарантира тоа здружение, тој спортски клуб, дека истиот ќе ги почитува правилата, кодексот за користење на таа површина“, рече градоначалникот Иван Јорданов во Зум Анализа на М Нет телевизија.

Штип го доби првиот затворен базен со што пливачките школи како и спортските клубови добиваат далеку подобри услови за работа во текот на целата година.

Александар Ванев, М-Нет