
Утре ќе биде отворено 11. коло во Првата женска кошаркарска лига, кое ќе се затвори дури на 4 февруари.
Кошаркарите на Патриот од Делчево и натаму се единствени без триумф во кошаркарската елита на Македонија во женска конкуренција, а утре ќе имаат одново тешка задача на гостување кај Бадел. Домаќинот ќе биде голем фаворит, а шансите за изненадување на гостинот од Делчево за прв позитивен резултат се минимнални.
Овој меч ќе се игра во спортската сала „Независна Македонија“ во Скопје со почеток од 14 часот.
Шампионот Баскет Кам ќе има лесна задача на гостински паркет во Неготино, каде како апсолутен фаворит ќе игра против претпоследната екипа на табелата Спорт Тим.
Натпреварот меѓу Спорт Тим и Баскет Кам ќе се игра во спотската сала „Младост“ во Неготино со почеток од 17 часот.
Кошаркарките од Македонска Каменица ја бранат шампионската титула, а 2026 година ја отворија одлично со триумф во дербито на колото против директниот ривал Крива Паланка и со тоа се осамени на врвот од табелата.
В недела на програмата е еден натпревар, а во кој се среќаваат екипите на МЗТ Бела Вода и Пробаскет. Ова ќе биде дуел од средишниот дел на табелата, а победата е императив и за двете екипа. Домаќинот со триумф ќе биде во игра за четвртата позиција, а пак Пробаскет кој е токму четврти сака триумф и зацвртување на четврото место, но притоа и да го следи чекорот на водечките екипи.
Натпреварот се игра во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот.
Колото се затвара дури на 4 февруари кога ќе се одигра дербито на колото – Вардар на домашниот паркет ќе го предизвикува составот на Крива Паланка. Соочување на две екипи кои го делат второто место на табелата со по 18 бодови, а се „тркаат“ со шампионот од Македонска Каменица за титулата.
Дерби пресметката меѓу Вардар и Крива Паланка ќе се игра во Скопје со почеток од 19:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет