Соколи утре играат против Ролинг во Струмица – кошаркарите од Штип големи фаворити!

Овој викенд се играат натпреварите од последното коло од регуларниот дел на Првата кошаркарска лига, по што ќе се формира топ осум групата каде ќе се разигрува за влез во Суперлигата, односно плеј-аутот во кој ќе бидат екипите кои ќе се борат за опстанок во Првата лига.

Кошаркарите на Соколи од Штип ќе гостуваат во Струмица, но овој пат против тимот на Ролинг во кој тимот од градот под Исарот ќе биде голем фаворит за триумф, а всушност тоа и е цел – само победа.

Натпреварот е закажан за сабота од 18 часот во струмичката сала „Парк“.

Утре Бутел како апсолутен фаворит ќе игра против Спортисимо на домашен терен, додека пак колото ќе се комплетира в недела со дерби мечот во Велес меѓу Борец Баскет и Овче Поле.

Велешани пред верната публика сакаат само триумф, а натпреварот ќе се игра во спортската сала „Гемиџии“ во Велес со почеток од 17 часот.

Во рамки на 14. коло од групата Б слободна е екипата на Струмица ФМП.

Во групата А екипата на Мега Баскет како апсолутен фаворит ќе игра против Младинец на домашниот паркет во Прилеп, а натпреварот се игра утре. В недела Водно Санс ќе игра со Тетекс, додека пак Вардар без право на грешка ќе го пречека Црн Дрим.

Во рамки на оваа рунда во групата А слободна е екипата на Охрид.

Александар Ванев, М-Нет