
Второлигашот Детонит Плачковица одигра пријателски натпревар во Валандово против третолигашот Победа, кој заврши со триумф од 1:6 за радовишкиот тим.
Овој натпревар послужи како проверка на формата и за двете екипи, кои претходно одиграа по еден пријателски меч. Победа Валандово претходно со 3:0 славеше над второлигашот Вардар Неготино, а пак Детонит Плачковица одигра 0:0 во Кочани со Осогово.
Двете екипи ќе продолжат и во следниот период со одигрување на пријателски натпревари со цел проверка на формата.
Во меѓувреме второлигашите продолжуваат со промоција на нови засилување. Новаци го претстави Марио Дебрешлиоски кој доаѓа од редовите на Беласица. Се работи за 23-годишен играч кој низ неговата кариера беше дел и од Пелистер, Караорман и Победа кој е негов матичен клуб.
Овој викенд е резервиран за нови пријателски натпревари кои ќе ги одиграа второлигашите.
Александар Ванев, М-Нет