23 годишно момче од каменичко пијано возело автомобил, измерени 1,65 промили алкохол

На 24.01.2026 година во 01:46 часот на магистралниот пат А-3, во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициско одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Н.В.(23) од с. Дулица, Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта.