
Трансфер-приказната околу фудбалерот Роџерс Мато и натаму е една од најкоментираните теми на домашната сцена. Играчот на ФК Вардар веќе има потпишано преддоговор со шкотскиот прволигаш Хартс, каде ќе ја продолжи кариерата по завршувањето на сезоната.
Според достапните информации, Хартс во текот на зимскиот преоден рок испратил неколку понуди за веднаш да го откупи договорот на Мато, но истите биле одбиени од раководството на Вардар, кое инсистирало на значително повисок трансфер-надомест. Поради тоа, шкотскиот клуб се одлучил за потег со преддоговор, што значи дека Мато на лето ќе се пресели во Единбург како слободен фудбалер и без финанскиски надомест.
Паралелно со интересот од Шкотска, во целата сага беше вклучен и американскиот Спортинг Канзас Сити, кој сериозно ја разгледувал можноста за трансфер уште во зимскиот период. Сепак, од таборот на клубот од МЛС подоцна индиректно потврдија дека Мато се определил за европска опција, по што интересот од Канзас Сити бил повлечен и не продолжиле официјални преговори.
Во меѓувреме, во јавноста се појавија и спротивставени информации околу наводна прифатена висока понуда од американска страна, но истите никогаш не добија официјална потврда, ниту од Вардар, ниту од Спортинг Канзас Сити. Како единствено сигурно останува фактот дека Мато ќе го носи дресот на Хартс од следната сезона.
До тогаш, Роџерс Мато останува дел од Вардар и е должен професионално да го одработи преостанатиот дел од договорот. Јасно е дека „црвено-црните“ ќе мора да најдат решение како да го надоместат неговато заминување, додека фудбалската јавност со интерес ќе го следи развојот на настаните до официјалната реализација на трансферот на лето.