ФК Арсими заминува во Хрватска на зимски подготовки, закажани силни пријателски дуели

Фудбалскиот клуб Арсими од Чегране официјално ја информираше спортската јавност дека екипата, почнувајќи од денес, ќе ги одработи зимските подготовки во Хрватска, со цел што подобра и поквалитетна подготовка за вториот дел од првенството.

Жолто-црните ќе престојуваат во Хрватска во период од 10 дена, за време на кој се планирани неколку контролни натпревари против реномирани противници. Веќе се закажани пријателски средби со Славен Белупо, ХНК Вуковар и НК Приморје, додека уште еден натпревар се очекува да биде потврден во наредните денови.

Оваа подготвителна фаза е од големо значење за подигнување на физичката и тактичката подготвеност на фудбалерите, како и за зголемување на натпреварувачкото ниво на тимот, пред стартот на вториот дел од сезоната.

Од редовите на ФК Арсими упатија благодарност до членовите на клубот, дијаспората, спонзорите, навивачите и целата заедница за континуираната поддршка и довербата во проектот.