
Завршува божиќниот пост, лекарите со апел верниците умерено да се враќаат на редновната мрсна исхрана со цел да не завршат во болница. Постепено да се внесува мрсната храна во исхраната, но и да не се претерува со јадење и пиење. Освен посна храна, постот значи и воздржува од обилна храна и претерување и токму затоа апелот е во насока на вистинско воздржување. Дополнително лекарите советуваат да не се претерува и со алкохол, со цел празниците да поминат во добро расположение, а не во болница.
„Во пресрет на Божиќните празници и голем дел од верниците постат. По звршувањето на постите се враќаат на нормалната исхрана, обилна за Божиќ и се ова може негативно да се одрази. Затоа враќањето во нормалната исхрана после денови на пост би требало да биде лесна, прилгодлива на онаа исхрана на која претходно организмот се навикнал.“ – вели Митрова.
При наглото конзумирање мрсна храна може да се оптерети организмот со што може да дојде до повраќање, дијареа и слични проблеми. Лекарите апелираат Особено внимателни да бидат повозрасните кои пијат месечна терапија. Со лесна умерена исхрана и постепено враќање на мрсната храна во секојдневието, завршувањето на постот ќе биде нормално без нескани последници. Божиќниот пост започна кон крајот на месец ноември минатата година, а завршува утре.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет