Од јануари ќе почне изградбата на ветерниот парк на потегот Штип, Карбинци и Радовиш, целта е поголем извоз

Најголемиот ветро парк на потегот Штип, Карбинци и Радовиш ќе започне со градење во почетокот на новата 2026, потенцираше денеска премиерот Христијан Мицкоски во својата изјава. Како што рече тој, до крајот на оваа годинава ќе биде завршено издавањето на одобренијата за градење на оваа инвестиција вредна околу половина милијарда долари, за да од следната година се почне со реализација. Според него истата ќе додаде вредност во производното портфолио.

,,Веќе на утрешната седница на Владата ќе се најдат урбанистичките планови за изведба на најголемиот до сега ветро парк, кој штои е приватна иницијатива и кој што ќе биде пред реализација, а тоа е ветро паркот кој што се наога во поегот на општините Штип, Карбинци и Радовиш. Инвестиција вредна околи половина милијарда долари и очекувам дека само формалноста издавањето на одобренијата за градење до крајот на оваа година ќе биде завршена и оваа инвестиција ќе започне со градење во првиот месец или еве да бидем помалку оптимист и да бидам поголем реалист во првиот квартал од следната година. Тоа исто така ќе додаде вредност во нашето производно портфолио кога станува збор за производство на електрична енергија од обновливи извори.“, рече Мицкоски

Истовремено се водат преговори и со повеќе инвеститори, потенцираше Мицкоски, со цел како што кажа да има поголем извоз и во регионот и пошироко.

,,Истовремено и со други инвеститори се водат преговори и разговори за забрзување, за одстранување на административните пречки за да ние како влада го превземаме административниот ризик за да можат тие инвестиции станат реалност и нашето производно портфолио од обновливи извори на електрична енергија да биде што поголемо и да имаме како што кажав поголем извоз не само во регионот, туку и пошироко.“, додаде Мицкоски

Инаку, целта според премиерот Мицкоски е да се додаде вредност во производното портфолио кога станува збор за производство на електрична енергија од обновливи изврои.

Иван Митев, М-Нет