
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е есенски шампион во Првата лига без пораз, стратегот Гоце Седлоски е презадоволен од тоа како Вардар изгледаше во есенскиот дел и од постигнатите резултати.
Седлоски вели дека секој противник кога игра против Вардар е на највисоко ниво, Вардар има фудбалери кои можат да се носат со тој притисок. За пролетниот дел Седлоски смета дека тимот ќе го очекува многу работа за да се стигне до шампионската титула.
„Можам да кажам дека сум презадоволен од она што Вардар како тим го одигра во есенскиот дел од шампионатот. Од секој аспект. Видовте и самите со каков притисок се соочува тимот. Едноставно сите од Вардар го очекуваат најдоброто, а тоа не е лесно да се постигне. Затоа сум горд на овие момци. Што без пораз ја одработија задачата, на најдобар можен начин. Не е лесно да го носиш дресот на Вардар. Секој противник е на највисоко ниво кога игра против Вардар. Тоа се потврдува од меч во меч. Едноставно тоа е така. Навикнати сме на тоа. Така и е создавана оваа екипа. Од момци кои што очигледно можат да се носат со тој притисок. Им честитам за тоа. Токму така. Не чека уште многу работа. Многу труд, многу напор за да се стигне до посакуваната цел. Ништо не е готово, напротив. На пролет не чека уште потежок пат кон она што се стремиме да го оствариме. Успесите кога е во прашање Вардар се неминовност, самите по себе се наметнуваат, а само најсилните и најхрабрите се способни да ги остварат. Затоа сум особено горд на сите оние кои во моментов се дел од овој колектив.“
Пролетниот дел од Првата лига тимот на Вардар го отвара против Работнички.
Александар Ванев, М-Нет