
Во петок и официјално ќе се затвори есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварот од последното есенско коло кој ќе се одигра во Радовиш, меѓу екипите на Детонит Плачковица и Скопје.
Зошто овој меч е важен и зошто и двете екипи силно ги посакуваат трите бодови од натпреварот во Радовиш.
Домашниот тим кој го води штипскиот стратег Горан Здравков силно ги посакува трите бодови со цел да може да презими на седмото место – а за да биде седми ќе мора да дојде до трите бодови против „пиратите“ или да извлече реми, во случај на пораз радовишани ќе бидат на осмото место.
Тимот од Автокоманда кој го води Александар Таневски ќе има предизвик да дојде до триумф, бидејќи во таков случај ќе се пробие на четвртото место, со реми или пораз ќе остане не петтото место.
Ако „пиратите“ во Радовиш слават тогаш ќе бидат четврти со 32 бодови или четврти минус од лидерот Охрид, па така тимот од Автокоманда ќе биде блиску до позицијата која води директно кон Прва лига.
Од таа причина бодовите ќе бидат важни и за едни и за другите – а домашниот тим ќе биде послаб за најдобриот стрелец Сашо Дуков, кој поради жолти картони ќе го пропушти мечот со Скопје.
Игор Иванов од Велес ќе биде задолжен да ја дели правдата на мечот кој ќе започне во 13 часот, а со кој меч ќе го имаме конечниот изглед на табелата во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет