Гол шоу во Госитивар, Арсими и Пелистер постигнаа шест гола

Арсими и Пелистер одиграа вистински фудбалски спектакл, во натпреварот од 16. коло  oд првенството, со кој беше спуштена завесата на есенскиот дел од првенството Натпреварот понуди многу борба, неизвесност и дури шест гола, а на крајот заврши со реми 3:3.

Пелистер ја одигра токму онаа игра што му беше потребна, дефанзивно стабилна, со јасни и брзи против нападо, преку кои го реализираше својот план.

Гостите поведоа уште во 16. минута, по еден брз контранапад од десната страна, кога Вилдан Керим прецизно погоди за 0:1. Арсими се обиде да возврати преку Шефити со удар со глава, но не успеа да биде прецизен. Во 33. минута, токму во моментите кога домаќините го бараа израмнувањето, Пелистер повторно казни. Идентична акција како и при првиот гол,центаршут од десно и Ристовски целосно сам на втора статива погодува за 0:2.

По овој гол, Арсими ја крена играта и создаде неколку добри удари преку Бешагиќ, Таипи и Рамадани, но гостинскиот голман блескаше со серија одлични интервенции.

Вториот дел започна фуриозно за Арсими. Во 47. минута, по слободен удар на Рамадани, топката со глава ја продолжи Гафури, но тој не успеа да ја контролира. Сепак, во близина беше Шефити, кој реагираше најдобро и намали на 1:2.

Само неколку минути подоцна, Арсими продолжи со силен притисок. Таипи во 53. минута имаше голема шанса за израмнување, но не успеа да ја прими топката како што треба. Во 56. минута следеше нов клучен момент, Керим беше сопрен од Дардишта во шеснаесетникот, а по долга Вар рецензија беше досуден пенал. Александар Ристовски беше сигурен реализатор за 1:3.

Арсими не се предаде, создаде неколку шанси преку Шефити и Таипи, а во 80. минута следуваше вистински еврогол. Шпенд Асани со соло акција, дриблинг и фантастичен удар од околу 25 метри намали на 2:3.

Не помина ниту една минута, а стадионот се крена во делириум. По ударот на Гафури, Бешагиќ ја допре топката и го израмни резултатот  3:3. Во 90. минута Шефити изведе уште еден одличен удар со глава, но гостинскиот голман пак беше на висина на задачата.

Во финишот вреди да се спомене и вториот жолт, односно црвениот картон на капитенот Ристовски, кој направи неколку недозволени прекршоци на акциите на Арсими.

На крај, мечот заврши пријателски, со реми 3:3 и шест голови. Арсими на зимската пауза заминува со 22 бода и шестата позиција на табелата, додека Пелистер од Битола зимува на деветтото место со 16 бода.

Извор: ФФМ