Јавна дебата на тема „Црно бело во колор“ утре на ФОН во Штип

Факултетот за образовни науки, во соработка со подкастот „Црно бело во колор“, Ве поканува на јавна дебата на тема: „Културен предизвик“.

Настанот ќе се одржи на 10 декември (среда) со почеток во 13:00 часот, во просториите на ФОН – Штип.

На дебатата ќе учествуваат претставници од институции поврзани со културата од Штип,преставник од Општина Штип како и студенти, со цел отворање професионален и критички дијалог за можностите, предизвиците и идниот развој на локалната културна сцена.