
Поп-пејачката Марија Данева и нејзиниот бенд Стенд Бај, во соработка со еден од најдобрите вокали кај нас – Ѓоко Танески ја претставија новата песна „Во твои раце“.
Музиката ја напиша Сашо Стојановски, текстот е на Весна Малинова, а аранжманот и мастерингот ги направи Иван Петровски.
Видеото од песната веќе е достапно на социјалните мрежи и YouTube.