Приведен 54-годишен возач во Македонска Каменица, возел со 2,00 промили алкохол

На 29.11.2025 година во 22:54 часот, полициски службеници од СВР Штип на ул. „Александар Македонски“ во Македонска Каменица го лишија од слобода Д.Ј.(54) од Македонска Каменица. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал Д.Ј., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,00 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.