
Кошаркарките на Патриот од Делчево и натаму немаат позитивен резултат односно имаат пет поразиод толку натпревари и се на дното од табелата во Првата кошаркарска лига.
„Патриотките“ од пет натпревари имаат пет порази, а притоа има и најлоша реализација со 258 постигнати поени, а притоа и најлоша одбрана која примила 432 поени.
Покрај Патриот и екипата на МЗТ е со форма од пет порази од пет натпревари, но со нешто подобра реализација и одбрана.
Досегашниот тек од сезоната носи голема неизвеност, ако имаме две екипи кои немаат победа, не остана ниту една екипа без пораз. Актуелниот шампион Баскет Кам од Македонска каменица загуби на гостување кај Вардар, па така го запоша својот прв сезонски пораз.
Дури четири екипи се израмнети во врвот од табелата односно Крива Паланка, Бадел, Баскет Кам и Вардар имаат по четири победи и еден пораз односно девет бодови.
Најблиску до нив е Пробаскет со осум бодови е петти на табелата, додека пак Спорт Тим е шести со шест бодови, а на седмото место е МЗТ со пет бодови, а толку има и Патриот од Делчево кој е на дното.
Во следното коло Патриот ќе гостува кај шампионот Баскет Кам каде речиси сигурно ќе се соочи со нов пораз, МЗТ ќе има има идеална шанса да дојде до прв позитивен резултат против Спорт Тим, Пробаскет ќе го предизвикува Вардар, а дербито на колото ќе го одиграат Крива Паланка и Бадел.
Прва петарка за претходното коло е Даја Грин и Алексис Пул од Крива Паланка, Сара Митановска од Спорт Тим, Михаела Алексовска од Крива Паланка и Кристал Корли од МЗТ Бела Вода.
Втората петарка ја формираат Линдзи Клири и Зара Стојковска од Бадел, Ана Ангеловска од делчевски патриот, Сања Адамовска од Баскет Кам и Кајла Томас од Пробаскет.
Петорките се формирани според бројот на реализирани инндексни поени како што истакнуваат од кошаркарската федерација.
Александар Ванев, М-Нет