Мираковски: Штип останува еден од најчистите градови во државата со добар квалитет на воздухот

Штип останува еден од најчистите градови во државата со добар квалитет на воздухот благодарение на поволната географија, додека во други градови воздухот е речиси загаден. Според ректорот на УГД Штип Дејан Мираковски, причините за загадувањето се временски услови и лошите извори на загревање во домаќинствата, кои придонесуваат за зголемено загадување. Иако оваа година временските услови беа поповолни, сепак загадувањето во некои места е неминовно, па често индексот на квалитетот на воздухот се движи на слаби нивоа.

,,Па тоа се вообичаените периоди на зимската стабилност на воздухот, комбинирана со почетокот на грејната сезона. Ние имаме релативно лоши извори на загревање, односно извори кои што имаа високи емисии, дрва па дури горат, освен домакинствата и некој индустриски објекти, поради лошата ситуацијата, енергетската сиромаштија согоруваат и отпадни материјали од дрво. Целото тоа емитира многу високи количества на цврсти честики во воздухот кои остануваат, бидејќи не се шират во атмосферата, остануваат многу долг период околу нас и сето тоа се регистрира на мерните станици и имаме често негативен индекс. За среќа во моментот поради временски услови, односно ноември е карактеристичен како стабилен месец. Меѓутоа оваа година поради временските услови мислам дека добро поминавме, имаше доста врнежи, односно струење на воздухот и генерално има неколку дена надминување, меѓутоа сме имале многу полоши периоди.“, рече Мираковски

Во Штип загадувањето на воздухот е реткост, рече ректорот Мираковски, потенцирајќи дека не го надминува ниту просекот од дозволените 35 дена на годишно ниво.

,,Штип за среќа е еден од најчистите градови од аспект на квалитет на воздухот, пред се ради географијата, односно струењето на воздухот и ние ретко надминуваме, дозволени се 35 дена годишни надминувања, ние не го надминуваме годишниот просек од 40 микрограми на метар кубен, барем досега неаме забележно такво нешто, а бројот на денови се движи околу 30 сетина. Штип е и ќе остане меѓу градовите кои се најчисти.“, додава Мираковски

Како што дополнително наведе ректорот Мираковски, доколку воздухот остане стабилен концетрациите ќе останат високи со што ќе се јавуваат жаришта во зони каде што по интензивно се кростат горива. Се додека не се реши тој проблем ќе има чести проблеми со квалитетот на воздухот.

Иван Митев, М-Нет