Општините Штип, Радовиш, Карбинци и Конче заеднички ќе делуваат во превенција од пожари на отворено

Општините Штип, Радовиш, Карбинци и Конче заеднички ќе делуваат за превенција од пожари на отворено. Денеска во салата на Советот на Општина Штип се одржа јавна расправа, на која беа презентирани активности и мерки за превенција пред појава на пожар на отворено. Како што истакна претседателот на ЛАК Плачковица, критични точки се местата каде што има населеиние и се носат мерки за навремено спречување на појавата на пожари на отворено.

„Превентивните мерки се дефинирани на зони, пробивање на патишта, расчистување на оние места кадешто има потенцијал за развој на пожар, санирање на земјоделските земјишта, плус да се подигне јавната свест за спалување во шумските предели.“ – вели Ѓоргиев.

Но, освен мерки и активности за спречување на појава на пожари на отворен простор повеќе од неопходно е да се инвестира и во територијалните противпожарни единици. Речиси во сите општини е забележителен недостатокот на опрема и кадар кои се повеќе од потребни за навремено да се реагира.

„Од опрема ќе недостасуваат дронови за усовршување и откривање на раните пожари, како и друга опрема. Кога станува збор за човечки ресурси ТППЕ Штип има доволно“ – вели Ренџов.

Програмата за управување со пожари работи на регионално ниво во земјите од Западен Балкан. Истата финансира 14 мали проекти, еден од нив е и денешниот.

„Фокусот е ставен на превенција. Особено не радува што преку акцентот е ставен на превенција пред настанување на пожарот“ – вели Михајловски.

Програмата е поддржана од швајцарската агенција за развој и соработка. Четири проекти се во Македонија. Партнер е и министерството за земјоделство, шумасртво и водостопанство.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет