Штип УГД со прва европска победа, „пеколна“ атмосферата во салата во Радовиш – Кол Ил немоќен пред штипјани!

ФОТО: М Нет

Ноќ за славење и паметење во градот под Исарот – Штип УГД ја запиша првата европска победа, норвешкиот Кол Ил „падна“ во преполната радовишка сала, штипјани доминираа и славеа со 3-0 во сетови, а потоа и во златниот сет прикажаа нова, модерна и европска одбојка.

Младиот стратег Кристиан Ристески и неговите момци поставуваат нови контури на македонската одбојка.

Штипјани играат допадлива одбојка, концепт кој го наметнуваат и започнуваат доминација на домашната сцена.

Мирасчиев вели дека салата во Радовиш за нив е среќна, токму во таа сала го освоија Купот, а сега стигнаа до првата европска победа во нивно моќно издание.

Ричлиев вели дека фокусот сега треба да се ставе на првенството каде ги очекуваат натпреварите од домашниот шампионат.

Тренерот Ристески направи една компарација на натпреварот во Осло и на реваншот во Радовиш.

Овие големи резултати на ОК Штип УГД прават да одбојката станува спорт број еден во градот под Исарот.

Александар Ванев, М-Нет