Познати сите патници во четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија – следува ждрепка

Екипата на Шкендија е последниот патник во четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија откако во последниот меч од осминафиналето славеше со 2:0 над Тиквеш и со тоа стана последниот четвртфиналист.

Пет прволигаши и три второлигашки ќе се борат за пласман во полуфиналето. Пласман во четвртфиналето изборија прволигаши Работички, Струга, Силекс, Вардар и Шкендија, како и второлигашите Охрид, Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново.

Сега ќе следува ждрепка во куќата на фудбалот која ќе ги одреди четвртфиналните двојки. Во оваа фаза од Купот ќе се одигра еден натпревар, доколку нема победник во регуларниот дел ќе се оди кон директно изведување на пенали за прогрес во полуфиналето.

Победникот во Купот на Македонија обезбедува излез во Европа.

Александар Ванев, М-Нет