Астибо како фаворит ќе гостува кај Спартак – штипските ракометарки ќе бараат триумф!

Ракометарките на Астибо утре ќе имаат гостување кај тимот на Спартак, во рамки на 8. коло на Суперлигата, во меч каде штипскиот тим ќе биде фаворит.

Астибо ќе го бара своето второ славје против тимот на Спартак, кој е на дното од табелата како единствен тим кој нема триумф, односно име две ремија и пет порази, па со два бодови е на дното од табелата.

Астибо е во нешто подобра форма, има една победа, едно реми и пет порази, па со три бодови е на шестото место на табелата.

Штипскиот тим сега засилен со ракометарките од Ангола ќе оди по втора радост, со можност за напредок на самата табела.

Натпреварот меѓу Спартак и Астибо се игра во спортската сала „Круме Кепевски“ во Скопје, со почеток од 18 часот.

Александар Ванев, М-Нет