
Седум од осум екипи се познати во четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија, останува уште едно место за да се пополни и со тоа да бидат познати сите четвртфиналисти, кои ќе водат битка за пласман во полуфиналето.
Последниот натпревар од осминафиналето ќе се одигра нешто повеќе од половина месец односно на 19 ноември кога силите ќе ги одмерат Шкендија и Тиквеш, тоа ќе биде дуел на два поранешни освојувачит на Купот на Македонија.
Повеќе од сигурно е дека и двете екипи ќе сакаат место во следна фазата и чекор по чекор да стигнат до големото финале, бидејќи освојувачот на Купот на Македонија обезбедува излез во Европа.
Седум екипи веќе се пласирани во четвртфиналето, три второлигаши и четири прволигаши, а со оглед на тоа дека Шкендија и Тиквеш се дел од Првата лига, тоа значи дека во четвртфиналето ќе играат три второлигаши и пет прволигаши.
Од екипите кои веќе се во четвртфиналето се второлигашите Детонит Плачковица, Охрид и Шкендија Арачиново, додека пак од прволигашите место во четвртфиналето обезбедија Работнички, Струга Трим Лум, Силекс и бранителот на Куп титулата Вардар.
Во осминафиналето беа елиминирани екипите на Шкупи, Беласица, Пелистер, штипска брегалница, Македонија ЃП, Башкими и Новаци.
Со натпреварот на 19 ноември меѓу Шкендија и Тиквеш ќе бидат познати сите четвртфиналисти, а во четвртфиналето ќе се игра само еден меч, победникот ќе обезбеди пласман во полуфиналето.
Александар Ванев, М-Нет