30-годишник од Штип пријавил дека синоќа бил нападнат од повеќе лица пред угостителски објект

30-годишник од Штип пријавил дека синоќа бил нападнат од повеќе лица пред угостителски објект.

На 25.10.2025 во 23:55 часот СВР Штип, Н.С.(30) од Штип пријави дека во 23:00 часот пред угостителски објект во Штип бил физички нападнат од машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.