
Голем интерес за вакцинација против сезонски грип – до сега вакцината ја примиле 400 граѓани во Штип. Уште од рано утрово, пред здравствениот дом пристигнуваат возрасни лица , решени да се заштитат навреме. Најмногу се вакцинираат лица над 65 години, кои велат дека не сакаат да ризикуваат со компликации. Од здравствениот дом уверуваат дека вакцините се безбедни и ги повикуваат граѓаните, oсобено ризичните категории, да не чекаат последен момент.
Лекарите од таму и понатаму упатуваат апел, граѓаните да се вакцинираат се со цел бидат заштитени од сезонскиот грип. Како што посочи д-р Јасмина Саздовска, пријавувањето ќе тре во текот на целото зимо, а сите граѓани ќе можат да се вакцинираат.
Вакцинацијата продолжува и во наредниот период, а од здравствените институции порачуваат – најдобрата заштита од грипот е навремената имунизација.
Иван Митев, М-Нет