Следната недела ќе бидат доделени уверенијата на советниците и градоначалникот во Штип

Од следната недела се очекува официјално доделување на уверенијата за старо-новиот градоначалник на Штип, Иван Јорданов, и новоизбраните советници. Претходно мора да заврши законскиот рок за приговори по изборите, кој истекува вечерва во 19 часот. По разгледувањето на евентуалните приговори, ДИК ќе го потврди резултатот и изборите ќе станат конечни. Со тоа ќе се создадат услови за почеток на новиот мандат на локалната власт во Штип.

,,Вчера во текот на вчерашниот ден општиунската изборна комисија до ДИК во Скопје ги достави сите оригинал 16 записници, од сите 8 избирачки места на територијата на Општина Штип, како и записникот за сумирање на резултатите за сите 80 избирачки места, кои што беа доставени до ДИК, каде што од вчера таа ги објави и првичните резултати, што значи дека започнува да тече рокот од 24 часа за приговори кои што завршува денеска во 19 часот, а потоа ДИК ги разгледува сите пристигнати договори и потоа одржува седница, каде што до сите општиснки изборни комисии доставува заклучок за конечност за изборите, каде што врз основа на тој заклучок самите општински изборни комисии прават заклучоци зак онечност за изборите. Очекуваме во текот оваа недела ДИК ќе ја завррши процедурата, каде што од народната недела ќе можеме и да ги доделеме и уверенијата на ново избраните советници, како на старо новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов.“, рече Вацев

Веднаш по доделувањето на уверенијата, следи важен чекор во оформувањето на новата локална власт во Штип. Во рок од 20 дена, претседателот на советот го свикува новиот совет, каде што се избира и претседател на советот.

,,Веднаш штом ќе и се доделат уверинија за избрани советници, законот предвидува во рок од 20 дена тариот претседател на советот на Општина Штип, го свикува новиот совет на Општина Штип, каде што се бира и претседател на советот.“, додава Вацев

Со ова официјално започнува работата на новиот состав на Советот на Општина Штип, кој ќе ја води локалната политика во наредниот мандат. Очекувањата се дека новата власт ќе донесе промени и ќе работи во интерес на граѓаните.

Иван Митев, М-Нет