19 годишно момче од Штип заработи кривична, во неговиот автомобил пронајдена марихуана

19 годишно момче од Штип заработи кривична, во неговиот автомобил кој го паркирал во Неготино, пронајдена марихуана.

СВР Велес поднесе кривична пријава против И.З.(19) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 13.05.2025 во Неготино, полициски службеници забележале паркирано возило „опел“ во кое бил пријавениот и уште едно лице од Штип, додека при преглед на возилото е пронајдена и одземена марихуана.