
Кик бокс клубот Гладијатор Фајт од Штип забележа големи успеси на Меѓународниот турнир „Трофеј Белград“ кој се одржува во Србија, а од каде штипските „гладијатори“ се вратија со девет медали, односно секој натпреварувач се закити со медал.
Златни медали освоија Антонија Тасева и Баже Јанев, додека пак сребрени медали освоија Михаил Јанев и Леонтина Миткова.
На „Трофеј Белград“ од Гладијатор Фајт бронзени медали освоија Јован Јанковски, Андреа Милошевска, Петра Долдурова, Димитар Иванов и Максим Иванов.
За Гладијатор Фајт кој го предводи тренерот Шенол Асанов ова е огромен успех, а резултатите доаѓаат откако претходно клубот имаше одлични подготовки.
За штипскиот кик бокс клуб следен предизвик ќе биде учеството на „Босна Тешан Балкански Куп“, а кој ќе се одржува од 24 до 26 октомври годинава.
Александар Ванев, М-Нет