
Уште едно големо признание за македонските судии од страна на УЕФА, откако три македонски судиски тима ќе делат правда на три натпревари од младинската на Лигата на шампиони.
Како помошен судија правда ќе дели и штипјанецот Ристе Ѓорѓиев кој ќе биде во тимот на главниот судија Игор Стојчевски и Вјолца Изеири како втор помошник.
Ова судиска тројка од Македонија правдата ќе ја дели на натпреварот меѓу Баник Острава од Чешка и Црвена Ѕвезда од Србија.
Уште два судиска тима од Македонија ќе делат правда во рамки на младинската Лига на шампиони.
Јован Качевски како главен судија со помошниците Даниел Василевски и Давор Цветаноски ќе судат во Виена, каде ќе се соочат Австрија Виена и Макаби Хаифа.
Третиот македонски судиски тим правда ќе дели на натпреварот меѓу Викингур и Генк, каде главен судија ќе биде Влатко Илиоски, а негови помошници ќе бидат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски.
Овој момент е посебен за македонските судии, бидејќи претставува огромно признание и доверба од страна на УЕФА за професионалноста на македонските судии.
Александар Ванев, М-Нет