
Ракометарите на Текстилец загубија на гостувањето кај Македонија ЃП во рамки на 6. коло на Првата ракометна лига со резултат од 28:23.
Скопскиот тим на почеток направи разлика која се искачи до 8:2, а по што штипјани се доближија и во 26. минута израмија на 10:10. Во вториот дел Македонија Ѓорче Петров беше подобра и направи разлика која ја одржуваше се до конечните 28:23. Дарко Рангелов со шест погодоци беше прво име кај победничката екипа, а кај штипскиот тим со по пет гола се истакнаа Александар јовановски и Јован Атанасовски.
Бодовите останаа во Свети Николе откаок тимот на Овче Поле со 39:32 славеше над Јехона од Гостивар, додека пак апсолутниот фаворит Мулти Есенс со 44:24 го декласираше составот на Преспа од Ресен кој беше инфериорен на теренот.
Големиот фаворит Младост со 13:57 го декласираше тимот на Кичево кој немаше сили воопшто да парира и повеќе од очекувано беше ова висока победа. Овој меч наместо во Кичево се одигра во Богданци, откако двете екипи се договорија да го заменат домаќинството.
Дербито на колото се играше во Неготино каде се соочија Вардар и Драчево Јуниор, дуел на два директни конкуренти за влез во Суперлигата. Екипата на Вардар Неготино беше подобра со 25:23, а со овој триумф на тренерското столче се врати и Игор Котевски, кој го замени Пепи Манасков, откако претходно тимот на Вардар Неготино неочекувано загуби во Штип.
Најдобар стрелец за Вардар Неготино беше Драган Кузманов со осум погодоци, додека кај Драчево Јуниор најдобар беше Ѓорги Дука со четири погодоци, а по три имаа Филип Петровски и Димитар Петковски.
Вечерва со натпреварот меѓу Партизан и Шампион ќе се комплетира шестата рунда.
Александар Ванев, М-Нет