Шест ракометарки од штипски Астибо добија повик на поширокиот список за Пионерската женска репрезентација на Македонија

Со многу труд, посветеност, работа и желба на успех, шест ракометарки на ракометниот клуб Астибо од Штип добија повик на поширокиот список за Пионерската женска репрезентација на Македонија.

Се работи за младите штипски ракометарки Ана Марија Накова, Анастасија Гицева, Ана Насева, Мелани Неделкова, Сандра Илиева и Сара Гигова.

Ова е резултат на нивната секојдневна работа, труд и љубов кон ракометот, со желба за голем успех.

Пионерската екипа на Астибо предводена од искусната ракометарка Марија Анчева бележи големи резултат и претставува голем расадник на млади и талентирани ракометарки, а со тоа првиот тим на Астибо ќе има иднина поткирајќи се на ракометарки од својата школа.

Инаку, ракометниот клуб Астибо постојано бележи успеси, првиот тим се натпреварува во женската Суперлига, а пак пионерската екипа минатата сезона беше дел од фајнл-форот.

Александар Ванев, М-Нет