
Почина Илија Темелковски роден 1953 година – човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот. Тој е македонска ракометна легенда, селектор на македонската ракометна репрезентација, човекот што ја доведе Македонија до 11 место на Светското првенство. Исто така, тој имаше големи успеси и со јуниорската селекција, а како играч настапуваше за Пролет од Скопје, а како тренер екипите на Струга и Еурофарм од Битола.
Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник , Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочувство до семејството на Темелковски.