
Трибините на Градскиот стадион во Пробиштип ќе се реконструираат со потсавување на нови пластични столчиња, вели кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Драган Анастасов – Ладич од редовите на СДСМ и коалицијата.
Дополнитено, како што истакна Анастасов ќе се работи на нов терен со вештачка трева, детска зона, паркинг простор и осветлување на Градскиот стадион со рефлектори.
„Се наоѓаме на Градскиот стадион во Пробиштип. Слободно можам да кажам дека ова е просторот каде што во изминатите децении овде имало многу победи, многу порази и многу емоции. Општина Пробиштип во изминативе години за првпат постави тартан патека со цел да можат да бидат што е можно поголем број на наши сограѓани присутни овде да се рекреираат, а секако и за фудбалските младински школи, коишто целосно изминативе години ги финансира општина Пробиштип и за фудбалерите на ФК Рудар. Обезбедивме средства од буџетот на општина Пробиштип да овој простор биди осветлен. Во овој момент во фаза е поставување на самите рефлектори на Градскиот стадион и градскиот терен. Дополнителон, обезбедени се средства за две илјади нови седишта на самите трибини, каде што претходно ќе следи нивна реконструкција. Целосен паркинг простор од страна на самиот стадион за да можат нашиве сограѓани да бидат присутни овде каде што и помошното игралиште или горното игралиште станува зона за детска рекреација и зона за одмор, а половина од теренот го имаме за тренинг камп на нашите младински категории на фудбалерите на ФК Рудар, каде што ќе се постават терени со вештачка трева. Вкупната вредност на овој проект е околу триесет милиони денари, каде што средствата се обезбедени веднаш по завршување на изборите. Целосно настапува имплементација на овој проект и се надевам дека веќе пролетниот период на наредната година нашиве сограѓани ќе можеат да уживаат на овој простор“, вели кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Драган Анастасов од редовите на СДСМ и коалицијата.
Ова е голем проект кој опфаќа повеќе активности на самиот Градски стадион во Пробиштип за подобрување на условите на истиот, а како што истакна Анастасов, истиот ќе има вредност од околу триесет милиони денари.