Денеска е Крстовден – ден за пост, молитва и духовно прочистување, граѓаните ги наполнија храмовите во Штип

Со собрани три прсти – допираjќи го најпрво челото, потоа појасот, па двете рамена. Верниците денес го прават знакот на крстот – симболичен гест што ги спојува небото и земјата, верата и традицијата. Денес е Воздвижение на Чесниот Крст, или во народот познат како Крстовден – еден од големите православни празници, посветен на симболот на спасението – светиот крст.

Граѓаните уште рано утринава со топла погача, шарени китки и босилек, ги посетија храмовите, носејки со себе надеж, верба и желба да ја почувствуваат светилната и силата на овој длабоко значаен ден во годината. Со топли зборови, тие за пред камерите на нашата телевизија велат вој ден е повод за молитва, пост и духовно прочистување. Во храмовите ширум земјата се служи света литургија, се палат свеќи, а многу верници строго постат – верувајќи дека токму денес, нивните молитви се услишени.

Инаку, празникот Воздвижение на Чесниот Крст или Крстовден се празнува секогаш на 27 септември, менува ден, но никогаш датум. На овој ден граѓаните додаваат дека се осветува осилокот, па излегувајќи од храмот Св. Николе во Штип, тие зедоа гранче и го посеноа дома.

Иван Митев, М-Нет