Мицкоски: Се злоупотребува болката на родителите кои ги загубија своите деца во пожарот во Кочани

Лешинари ја злоупотребуваат болката на родителите кои ги загубија своите деца во пожарот во Кочани, истакна денеска од Штип премиерот, Христијан Мицкоски. Како што истакна тој си го видел својот дигитален споменик на кој е испрскан со крв, и според него ваквата кампања на болката на родителите не е прифатлива.

„После последните маршеви за ангелите од Кочани, јас можев да се видам во својот дигитален споменик како сум испрскан со крв и кадешто се води една таква кампања против мене, министерот Тошковски и директорот Јанев. Мислам дека има одредени лешинари коишто најмалку им е дојдено до ангелите од Кочани, ја злоупотребуваат судбината на родителите.“ – вели Мицкоски.

На последниот „Марш за ангелите“ во Кочани, семесјтва и роднини на починати од пожарот побараа оставки од Мицкоски, како и од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет