
Екипата на Слога Виница влезе во резултатска криза со три порази во низа, а повратникот во Втората лига има учинок од една победа над Големо Коњари од 5:1 што беше за очекување и четири порази од Скопје од 1:0, од Детонти Плачковица исто од 1:0, од Тетекс со резултат од 2:0 и од Беласица со резултат од 1:2.
Слога Виница има квалитетен тим со искусни фудбалери, но потребно да се пронајде вистискиот рецепт за да се стигне до триумф, а веќе в сабота во рамки на 6. коло тимот од Виница ќе гостува кај Шкендија Арачиново и ќе мора да се најде начин како да се стигне до позитивен резултат, односно триумф и три бодови, бидејќи во секој друг случај за Виница ќе биде нов неуспех.
Екипата на на Емил Грнев со три бодови е во долниот дел од табелата односно во опасната зона со три бодови пласирана на 13-тото место.
Од друга страна Шкендија Арачиново не знае за пораз има три победи и две ремија и со 11 бодови го дели третото место на табелата, а на домашен терен тимот на Љупчо Марковски – Калц е перфектен, всушност и статистички Шкендија Арачиново дома има три победи, а во гости две ремија.
Ако се споредбат гол разликите на двете екипи одново Шкендија Арачиново е подобра со 11 постигнати и три примени погодоци, а пак Слога Виница има постигнат шест погодоци, од кои пет против Големо Коњари, а прими седум погодоци.
Дефитинивно гледаме дуел каде Шкендија Арачиново сака победа за продолжува на одличните резултати и напаѓање на врвот, а Слога Виница победа за излез од резултатска криза.
Натпреварот се игра во сабота.
Александар Ванев, М-Нет