
Со цел да се воспостави рамнотежа помеѓу побарувачката на оспособена работна сила и понуда на квалификации на патот кон европско образование тргнуваат и штипските средни училишта. Овој сектор од новата влада освен справување со пандемијата која се јавува како своевидна кочница на тековниот воспитно-образовен процес очекува и имплементација на дуалното образование. Тоа подразбира дека начинот на работа во средните особено средните стручни училишта во Германија, Финска, Швајцарија ќе започне да се имплементира во македонските средни училишта. Средношколците кои ќе бидат опфатени со долното образование после својата 14 година ќе имаат можност 3 дена во неделата да се посветат на пракса а два дена на теорија. Практичната настава ќе биде делумно платена, разновидните занаети учениците ќе ги изучуваат во фирми на кои Владата ќе им обезбедува финансиска поддршка. Значи образовниот сектор ќе биде исправен пред голем предизвик за обезбедување финансиски средства, опремување на стручните училишта, субвенционирање на работодавачите за реализација на практичната обука и надомест за работата на учениците. Ова се само дел од карактеристиќите на популарното дуално образование кое е децениска пракса во индустриски-развиените земји а кај нас е сеуште мисловна именка. Дуалниот начин на образование стимулира поголема застапеност на практична настава, развивање на здрави работни навики и вештини кај учениците.
Дуалното образование има незаменлива улога во обезбедувањето адекватна работна сила со потребните вештини и компетенции за поддршка на економскиот раст на општеството. За ова говори и извештајот на ЕК за нашата држава во кој стои дека околу 80% од невработените се долгорочно невработени, како резултат на неусогласеност на вештините.
Целта е да се воспостави рамнотежа помеѓу побарувачката на оспособена работна сила и понудата на релевантни квалификации. `
Системското решавање на процесот на воведување на дуалното образование, подразбира измени во Законот за стручното образование и хармонизација со останатите закони обврска што денес ја презема новата министерка за образование и наука Мила Царовска.
„ Ако дуалното образование овозможува долгорочно планирање на развојот на бизнисот, обезбедување работна сила и решавање на празнините за потребните вештини и квалификации, тогаш е потребна квалитетна имплементација, а не импровизација.“-изјави за М нет Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија.