Одбележани 96 години од смртта на Тодор Александров

Со панихида во новоселската црква „Успение на Пресвета Богородица“, денес беа одбележани 96 години од убиството на некогашниот лидер на ВМРО, Тодор Александров.

Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година, во Ново Село, штипско, во семејството на свештеникот Александар Поп-Орушев и Марија. Бил ученик во бугарското машкото 3-то класно и педагошко училиште во Скопје, каде се вклучува во македонското револуционерно движење.

Револуционерната дејност на Тодор Александров опфаќа три периода: првиот период од 1897 до 1911, вториот од 1911 до 1918 и третиот – од 1918 до 1924 година.

Убиен е на 31 август 1924 година, на Пирин Планина кај селото Лопово.

На панихидата, присуствуваа членови на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од координаторот и пратеник во Собранието, Иван Јорданов и членови на патриотското Здружение „Тодор Александров“ и жители од Ново Село.

Присутните потоа почит кон ликот и делата на Тодор Александров оддадоа и на неговиот гроб во Ново Село.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк