
Денес на Градскиот стадион во Радовиш репрезентацијта на Македонија до 17 години ќе одигра пријателски натпревар со репрезентацијата на Кипар.
Овие две репрезентации ќе одиграат два контролни натпревари, првиот се игра веќе денес од 15:30 часот, а вториот е закажан за во четврток.
За Радовиш ова е ретка можност да следи репрезентативен натпревар, претходно македонската репрезентација до 19 години играше со Босна и Херцеговина во Радовиш на почетокот од овој месец, а тоа беше вториот репрезентативен натпревар во Радовиш, бидејќи претходно во далечната 1995 година Македонија до 21 година играше против Бугарија и убедливо ја доби со 7:2.
Александар Ванев, М-Нет