
Стартуваше новата сезона во Првата ракометна лига, а во рамки на првото коло беа забележани убедливи победи. Ракометарите на Текстилец УГД забележаа триумф во рамки на првото коло кога во Штип пред својата публика го совлада Аеродром со тесни 27:26.
Овче Поле немаше сили за фаворитот Вардар Неготино, кој во Свети Николе славеше со убедливи 23:33 односно десет разлика.
Македонија ЃП со пораз ја отвори сезоната откако загуби од тимот на Мулти Есенс во скопската пресметка со резултат од 30:34.
Кичево немаше сили за Партизан кој беше расположен и славеше со 31:43, а пак најубедливата победа во првото коло ја однесе тимот на Драчево Јуниор кој славеше со убедливи 54:17 над Шампион. Екипата на Јехона беше подобра од Преспа Вардар со 25:17.
Натпреварот меѓу Младост од Богданци и Астраион не се одигра, откако струмичкиот тим се откажа од натпреварување, па така Младост слободниот ден го искористи за тим билдинг.
Александар Ванев, М-Нет