
Третолигашо Венец од Долни Дисан преку соопштение и видео кое го објави клубот реагира дека линискиот судија на натпреварот со Бучин физички нападнал нивен фудбалер.
„Срамота! На натпреварот помеѓу ФК Бучин и ФК Венец сведоци бевме на недозволиво однесување – судијата физички удри фудбалер на ФК Венец. Вакво однесување е недостојно и мора итно да се побара одговорност од надлежните стручни организации. Фудбалот бара фер-плеј, а не насилство од оние што треба да го спречат“, се вели во соопштението на клубот.
Натпреварот заврши со минимална победа за екипата на Бучин од 1:0, во рамки на првото воведно коло во Трета лига – Југ.