
За десетина дена треба да бидат населени типските куќи кај Мирјанина црква во Штип. Објектите се веќе поставени, а во моментот се работи на поврзаување со водовод, канализација и електричен напон. По завршување на овие активности ќе бидат сместени и семејствата кој живеат во старото нервно одделение, а дел и во центарот на градот.
„Типските куќи веќе се поставени, внатрешноста на типските куќи исто така е поставена, изградена, во моментот се работи на инфраструктурно поврзување со водовод, канализација и еллектричен напон. Така да следните неколку денови, по завршување на ова поврзување сите предвидени семејства ќе бидат вселени во типските куќи, а со тоа местата кои досега ги користеа за домување ќе бидат исчистени и ќе бидат уредени.“ – вели Јорданов.
Локациите каде што сега живеат семејствата кои треба да бидат сместени во типските куќи, потоа ќе бидат соодветно уредени, кажа Јорданов. Ќе бидат расчистени и атрактивни за уредување и домување.
„Во наредните десетина дена очекувам да се преселат семејствата во овие типски објекти, а локациите како што е старото нервно одделение, локацијата Стојан Рибата практично во централното градско подрачје исто така ќе биде расчистена и верувам дека понатаму овие локации ќе бидат атрактивни за уредување и за домување“ – додава Јорданов.
Во меѓувреме се работи и на изградба на новиот кружен тек на булеварот Партизанска. Со ова булеварот добива сосем поинаков лик, инфраструктурно се уредува, а претходно се работеше и на подземната инфраструктура.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет