Измама на пазарот во Штип, скапан ајварски пипер продаден како свеж

Револтирани купувачи на штипскиот пазар се жалат за скапан ајварскиот пипер. По купувањето на 40 килограми, тие дома откриле дека речиси 10 килограми од пиперот бил скапан. Според нив, иако одозгора пиперот изгледал убав, одоздола бил целосно расипан. Конфликтот се повторува секоја година, тврдат тие, а оваа ситуација предизвика гнев и бурни реакции.

,,10 кг пипер скапан, носете го доба, проверете го скапан. Сега јас го донесувам, а тој не признава. Mи рече дај 2000 денари и земи 40 килограми пипер и еве 10 килограми е скапан.“ велат купувачите

Купувачите додаваат дека продавачот им рекол пиперот дома да го проверат, а доколку има проблем да дојдат за замена. Откако се вратиле, почнала целата драма

,,За ајварски пипер, не успеавме да произведеме и го купувиме денеска од тука. Човекот помогна, а потоа кога се вративме вели дека не е помогнал. Ми рече однесите го дома, проверете го и дојдете ако не е во ред, ќе го замениме. Сега го донесувам

Во разговор за нашата телевизија, продавачот категорично ги негираше обвинувањата на купувачите, тврдејќи дека се лажни. Според него, нема никаков трага дека пиперот што го купиле бил од неговото снабдување.

Иван Митев, М-Нет