Се асфалтираше патот кој води до манастирот Христово Воскресение во Штип

Се асфалтираше пристапниот пат кој води кон манастирот Христово Воскресение во Штип. Во должина од три километри се работеше на патот по барање на илјадници верници кои го користат истиот за да го посетат манастирот. За овој пат од Буџетот на општината се издвоени осум милиони денари.

„Моментално се работи на асфалтирање на пристапот и патот до манастирот Христово Воскресение. Околу три километри патен правец до овој манастир денес се асфалтираат, по барање на илјадници верници кои низ годините го посетуваат овој манастир.“ – вели Јорданов.

Дополнително наредните денови се очекува да започне со асфалтирање и патниот правец Калапетровци – Кошево. Како што истакна градоначалникот Јорданов на ваков начин се подобрува пристапот кон самото село.

„Деновиве ќе се влезе со асфалтирање и на патот Калапетровци – Кошево, кој е на барање на жителите и долги години наназад е непристапен терен.. Верувам дека со ова значително ќе се подобри пристапот до село Кошево.“ – додава Јорданов.

Во меѓувреме се работи на неколку локации во неколку населени места во Штип, со цел подобрување на патната инфраструктура.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет